Компанијата Meta секојдневно ги надградува своите апликации со нови функции и можности. Една од нив наскоро пристигнува и на Instagram.
Популарната социјална мрежа развива нова функција наречена Latest Shares за да го поедностави процесот на пронаоѓање и повторно споделување на Reels кои претходно биле испратени до пријателите во директни пораки (DM).
Оваа информација првично беше објавена на Twitter, за подоцна да биде потврдена од портпаролот на Meta за TechCrunch.
Фотографија споделена на Twitter профилот Dijital Aglar покажува дека функцијата Latest Shares се појавува на врвот на директните пораки. Според извештајот на TechCrunch, во кој е цитирана Meta, краткото видео кое е споделено повеќе пати, ќе се појави само еднаш, со аватарот на последниот примач.
Instagram is testing showing the latest posts you send to a friend as a preview.
cc/ @MattNavarra
(iOS – Latest version – Türkiye) pic.twitter.com/0dd27PODaH
— Dijital Ağlar (@yousufortaccom) March 5, 2023
Она што засега останува нејасно е дали функцијата Latest Shares ќе вклучува објави што не се на Reels. Сè уште нема информации кога оваа функција ќе биде достапна за повеќе корисници на Instagram, бидејќи моментно е достапна само за мал број тестери.
Instagram сè повеќе се фокусира на кратки видеа (Reels), во обид да се натпреварува со ТикТок.
Неодамна беше откриено дека компанијата ќе ja објави и функцијаta Quiet mode, која има за цел да им помогне на корисниците да се одморат од апликацијата. Kога ќе се активира, Оoваа функција ќе ги „замолчи“ дојдовните известувања и ќе ги извести вашите следбеници дека моментно сте неактивни на апликацијата.
Овој потег доаѓа откако Instagram се најде на удар на законодавците загрижени за потенцијалната штета што социјалните медиуми можат да ја имаат врз животите на луѓето, посебно младите. Целта на Quiet mode не е само да ги принуди корисниците да се одморат од апликацијата, туку и да се фокусираат на реалниот свет и луѓето околу нив.