Отворањето на новите 3 нанометарски погони на TSMC во САД значително ќе ги зголеми трошоците за производство на процесори, што ќе влијае и на зголемувањето на цената на готовите уреди.
Откако се најде под стратешки притисок да планира понатамошни операции, најголемиот тајвански производител на чипови TSMC првично не се согласи со плановите за изградба на фабрика за чипови во САД. Сега тој не само што го гради, туку ќе мора значително да ги зголеми инвестициите за проширување на капацитетите и воведување напредни производствени технологии на најмодерната генерација на силикон. Првобитно планираната изградба на капацитети за производство на чипови од 5nm ќе биде унапредена за производство на силикон од 4nm, а сега се споменува освојување на 3nm технологијата.
Сето ова влијае на драматичното зголемување на трошоците за изградба на фабриките, па на крајот целата инвестиција во американската фабрика ќе ја чини TSMC вртоглави 144 милијарди долари, што е зголемување за 44% во однос на првично планираната сума.
И покрај тоа што TSMC може да добива субвенции од САД врз основа на изградба на производствени капацитети и вработување на американска работна сила на територијата на САД, заклучокот што произлегува од анализата на тајванската компанија е дека трошоците на американските фабрики за производството на чипови е далеку поголемо од сличните во Азија. Финансискиот директор на TSMC нагласи дека оперативните трошоци на нивните фабрики во САД се четири до пет пати повисоки од оние кои работат во Тајван, пренесува FastTech.
TSMC 3nm процесор „Made in USA“ е пет пати поскап
Повисоките трошоци се однесуваат на поскапа инфраструктура, но и на трошоците за работна сила, трошоците за лиценци, построгите регулативи за безбедност и здравје при работа, зголемените трошоци за инфлација во последните години, како и трошоците за образование и обука на работната сила.
Сето тоа ќе ја зголеми цената на чиповите произведени на територијата на САД. Последиците очигледно ќе ги почувствува најголемиот купувач на производите на TSMC, компанијата Apple, што ќе се прелее и на поскапувањето на нивните производи. Цената секако ќе ја платат крајните корисници. Се проценува дека поради поскапите процесори „Made in USA“, iPhone уредите ќе поскапат во просек за 100 американски долари.
Сега се шпекулира што ќе се случи во блиска иднина? Клиентите тешко дека рамнодушно ќе поднесат ваков товар, што од друга страна би можело да предизвика драстичен пад на продажбата на смартфоните на Apple. Не е многу јасно дали цените на iPhone уредите ќе продолжат да растат или дополнителниот трошок ќе треба да го сносат партнерите, снабдувачи на компанијата Apple?
Со оглед на моментната ситуација на послаба продажба на страндардните iPhone 14 модели, малку е веројатно дека Apple ќе ги зголеми цените на своите уреди во блиска иднина. Аналитичарите на пазарните настани се залагаат за ставот дека зголемувањето на трошоците всушност нема да се одрази на крајниот корисник, односно влијанието од зголемувањето на цените на готовите производи ќе биде минимално за купувачите.
Бруто маржата што ја остварува Apple од продажбата на своите уреди е веќе доволно голема и се проценува дека изнедсува околу 40 процднти, што е доволно за да се амортизира дел од зголемувањето на трошоците за производство на уреди. Од друга страна, речиси е сигурно дека Apple ќе префрли дел од трошоците на својот синџир на снабдување и пред се TSMC, кој сакал или не, ќе мора да преземе дел од притисокот и зголемените трошоци.