Оваа есен очекуваме Apple да ја претстави следната генерација на своите паметни телефони во рамките на iPhone 15 серијата. Сепак, новите податоци укажуваат дека годинешните iPhone 15 Pro модели ќе бидат поскапи од сегашните модели.
Информациите доаѓаат од аналитичарот Џеф Пу, кој сподели дека ова ќе биде прво поскапување од дебито на iPhone X. Можно е да видиме четири модели, iPhone 15, iPhone 15 Plus, iPhone 15 Pro и iPhone 15 Ultra.
Зголемувањето на цената ќе биде само за iPhone 15 Pro моделите, што се уште не е сигурно, но би имало многу смисла. Во секој случај, цените надвор од САД растеа редовно, но можно е компанијата да го направи тоа и на својот домашен пазар.