Новата Panoramic Vision технологија за прикажување важни информации се очекува во новата класа модели на електрични автомобили кои ќе се продаваат од 2025 година.
Ако малку размислите, контролните табли на автомобилот сместени под нивото на управувачот бараат од вас да го тргнете погледот од патот за да видите важни информации. Новиот BMW Panoramic Vision екран има за цел да ги премести важните информации на нивото на очите.
Досега веќе видовме heads-up дисплеи кои прикажуваа некои од клучните информации на самото ветробранско стакло или на помал дел под него, а BMW Panoramic Vision има малку поинаков пристап кон проблемотиката. Овој екран се наоѓа низ целата ширина на шофершајбната, што му овозможува да прикажува значителен број важни информации, без да бара од вас да го тргнете погледот од патот.
Одлична е и опцијата возачот да избира што ќе се прикажува на Panoramic Vision екранот, а опциите вклучуваат брзина, време и песна која моментно се репродуцира. Предноста на овој екран е употребата на силна светлина што е во контраст со темната позадина, така што приказот е секогаш јасен кога сакате да го погледнете.
Panoramic Vision е нова генерација на heads-up екрани
BMW првпат го спомна новиот heads-up дисплеј кога го објави концептот „i Vision Dee“ на годинашниот CES саем во јануари. Меѓутоа, во таа верзија, информациите се појави дигитално директно на шофершајбната. Спротивно на тоа, Panoramic Vision дисплејот е подигнат раб кој е вгграден преку дното на шофершајбната. Со други зборови, ако ве удри камче на автопатот и ви напукне шофершајбната, подобро би било да платите за сеопфатно осигурување.
Сè уште нема информации дали некоја од другите функции прикажани во i Vision Dee моделот наскоро ќе пристигне до моделите што всушност се продаваат, апрвенствено мислиме на интерактивната комуникација во која BMW изјави дека е развиен „природен и емотивен односот помеѓу човекот и машината“ и анимирани изрази на лицето. Рака на срце, тоа го кажа и Марк Цукерберг за неговиот метаверзум…
NEUE KLASSE во 2025. година
Panoramic Vision екранот ќе почне да се појавува во првите модели на NEUE KLASSE (Нова класа) BMW електричните автомобили од 2025 година. Според BMW, дополнителни функции на BMW iDrive ќе бидат вклучени во NEUE KLASSE, а за тие информации веројатно ќе треба да почекаме до саемот IAA Mobility 2023 во Минхен во септември оваа година.