Најновиот јазичен модел на вештачка интелигенција од работилницата на OpenAI е достапен преку интернет пребарувачот Microsoft Bing, без листа на чекање
Откако OpenAI оваа недела го претстави својот нов мултимодален AI систем – GPT-4, Microsoft откри дека веќе неколку недели бил на јавно тестирање, како дел од пребарувачот Bing, само што јавноста не знаела за тоа. Пребарувачот Bing AI сега може да го користи секој што сака, бидејќи Microsoft ја укина листата на чекање. За да добиете пристап до подобрениот пребарувач со вештачка интелигенција, потребно е да го посетите преку прелистувачот Edge на Microsoft, во најновата верзија, а потоа да ја изберете опцијата Chat.
Таму се нуди класично поле за пребарување, во кое треба да внесете барање на природен јазик. Bing потоа ќе го направи своето и ќе напише одговор, исто така на природен јазик, заедно со обезбедување неколку линкови до извори на информации. На англиски, колку што имавме можност да испробаме, сè функционира како што е предвидено.
Од достапните опции, Microsoft нуди различни стилови на разговор – Bing AI на тој начин може да одговори повеќе во креативен или прецизен стил, меѓу кој има и „балансиран“ стил, кој комбинира разумни и кохерентни одговори со малку креативност.
Покрај чет, пребарувањето на интернет и одговарањето на сложени прашања, Bing AI покренуван од системот GPT-4, може да произведе и програмски код. Една нишка од неговиот разговор е ограничена на 15 прашања и одговори, додека дневниот максимум на прашања за секој корисник е ограничен на 150.