Се верува дека илјадници луѓе ги загубиле своите заштеди откако инвестирале во апликација за тргување со криптовалути наречена iEarn Bot, а експертите кои ја истражувале компанијата велат дека случајот може да биде еден од најголемите крипто скандали до сега.
Тргувањето со криптовалути стана популарно затоа што на луѓето често им се ветуваат големи профити за краткорочни инвестиции, но агенциите за спроведување на законот предупредуваат на се поголем број измами и им препорачуваат на инвеститорите да бидат претпазливи, се наведува во извештајот на Би-Би-Си.
Во Романија, десетици личности од висок профил, вклучително и владини функционери и академици, беа убедени да инвестираат преку апликацијата бидејќи беше спонзорирана од Габриел Гараис, водечки ИТ експерт во земјата, но Гараис тврди дека и тој бил измамен да ги инвестира своите заштеди во апликацијата по што ги изгубил парите.