Процесот на поставување зададени апликации и нивно додавање во лентата со задачи или Start менито наскоро би требало да биде поедноставено за уште поголема контрола и подобро искуство со Windows.
Поедноставувањето на управувањето со стандардните апликации е наменето да се постигне преку конзистентни, јасни и сигурни Windows дијалог-кутии, се вели во соопштението.
Покрај крајните корисници, новите опции ќе бидат достапни и за програмерите кои ќе можат директно да ги испраќаат корисниците на место во поставките за промена на стандардната програма за одредени типови на фајлови.
Дополнително, Microsoft ќе започне со тестирање на ново API што ќе им овозможи на апликациите да закачат примарна или секундарна плочка во лентата со задачи. Се разбира, корисникот ќе мора да прифати ако навистина сака нешто да биде закачено на неговата лента со задачи.
Microsoft планира да биде првиот што ќе започне да го користи новото API преку својот веб-прелистувач Microsoft Edge и на тој начин преку свој пример дополнително да ги мотивира програмерите да ги користат новите опции.
Новите функции најпрвин ќе пристигнат во Windows Insider програмата во наредните месеци.
A principled approach to app pinning and app defaults in Windows https://t.co/oudl6lyIer
— Windows Blogs (@windowsblog) March 17, 2023