Sony е познат по квалитетните фотоапарати, а овој пат сакаше своите уреди да ги приближи до уште една целна група. Лицата со слаб вид досега не можеа да се занимаваат со фотографија, бидејќи едноставно не можеа добро, или воопшто да ја видат сликата на малите екрани од фотоапаратите, па поради тоа ни „да го фатат вистинскиот кадар“
Благодарение на Sony DSC-HX99 RNV фотоапаратот, тоа целосно ќе се промени. Оваа камера е дизајнирана да им помогне ним и да им овозможи да уживаат во ова хоби. Системот се состои од два дела – Sony point-an-shot камера и „retinal laser projection system“. Компанијата се одлучила камерата да биде Cybershot DSC-HX99, која прв пат е претставена уште во 2018-та година. Овој фотоапарат има сензор од 18,2 МП, оптичка стабилизација и леќи со 24-72 мм зум. Тоа е, суштински, стандарден фотоапарат наменет за сите љубители на фотографијата.
Интересен дел е оптичкиот пребарувач – „Retissa Neoviewer“, кој го произведува јапонската компанија „QD Laser“. Станува збор за сосема нова технологија на ласерска проекција, која прв пат се нашла во некој „consumer“ уред. Во овој конкретен случај, дигиталната слика од камерата директно се проектира на мрежницата на корисникот. „Sony“ нагласува дека оваа технологија можеби нема да функционира кај сите лица со слаб вид, но кај лицата кај кои ќе функционира ќе им овозможи да ја видат фотографијата и деталите на неа, да ги прочитаат информациите од екранот и успешно да снимаат фотографии и видеа.
Цената на овој систем е 600 долари, а ќе биде достапен на пазарот во текот на ова лето. Интересно е дека самата камера чини околу 450 долари, па за релативно мала сума можете да ја опремите и со овој додаток. „Sony“ наведува дека на овој додаток нема да заработи ништо, туку само ќе ги покрие трошоците, па по ака неговото купување ќе достапно само директно.
Исто така, компанијата планира да стапи во конаткт со јапонски и американски училишта, за овие уреди да го обезбеди на нивните ученици со слаб вид.