Неодамна протекоа информации дека Xiaomi се подготвува да го претстави MIOS, својот нов оперативен систем кој треба да го замени популарниот MIUI
За развој на MIOS се зборува веќе некое време, а неодамна на Тwitter се појавија фотографии од екранот About со логото на новиот оперативен систем. Скептиците тврдат дека се работи за фабрикувано лого, но има причини што укажуваат дека MIOS навистина би можел да биде во завршна фаза на развој.
Гласините за Xiaomi MIOS постојат уште од 2013 година, кога се појавија првите информации дека Xiaomi развива сопствен оперативен систем. Во тоа време, имаше гласини дека платформата ќе дебитира заедно со водечкиот телефон Mi 4, но тоа никогаш не се случи. Наместо тоа, смартфонот беше претставен со MIUI интерфејс, како и сите наредни модели (со исклучок на серијата Mi A), што сугерира дека тогашниот менаџмент на Xiaomi не видел доволно причина да развие сопствен оперативен систем, пишува GizChina.
Ако им веруваме на протечените информации, се чини дека некој во компанијата Xiaomi се предомислил. Снимката од екранот кој протече во делот About сугерира дека MIOS моментно е во алфа фаза на развој, што значи дека Xiaomi сè уште нема подготвено решение.
Иако спецификациите на MIOS сè уште се мистерија, доколку навистина е во развој, веројатно ќе биде нешто слично како HarmonyOS на Huawei, кој сè уште го има Android како основа. Дизајнот и карактеристиките најверојатно ќе бидат слични на MIUI, но останува мистерија колку Xiaomi сака да направи оперативен систем кој се разликува од Android основата.
Се разбира, без многу опипливи информации, кои се базираат на еден скриншот од сомнително потекло, ова треба да се земе со резерва, бидејќи не би било прв пат таквите информации да се појавуваат за да се направи buzz околу телефоните на Xiaomi и екосистемот MIUI. .