Успешно работи канцеларијата на македонската компанија Пантелеон ГС и во Србија, Белград. Млади и талентирани луѓе како дел од оваа компанија работат аутсорсинг за компании на американскиот пазар веќе и од Србија. По Скопје и Струмица, во Белград е лоцирана третата канцеларија на оваа брзо растечка македонска компанија.
Оваа експанзивна деловна стратегија е потврда за квалитетот на аутсорсинг услугите кои оваа компанија ги обезбедува, како и на самиот талент и професионалност на младите луѓе кои тука работат.
Пантелеон ГС дефинитивно станува талент и креативен хаб на балканот место кое обединува врвни професионалци и креативни млади луѓе, кои се амбициозни и кои од регионов сакаат да работат за компании на американскиот пазар.
Компанија која во своето портфолио на клиенти има финансиски компании за факторинг, лизинг, осигурување и финансирање, брокерска компанија, мрежа за продажба на возила, компанија за регрутација и маркетинг. Последниве месеци се обезбедуваат и аутсорсинг услуги од типот на развој на софтверски решенија, управување со ризици и други софистицирани услуги. Компанијата е отворена за нови талентирани малди луѓе кои овде може да ја градат својата интернационална кариера.
Пантелеон ГС е компанија каде секој добива можност да се надградува во текот на самата работа и да стекне значајни квалификации и искуство од работа со некои од најдобрите компании во индустријата.
„Нашите луѓе се нашиот бренд“ гласи мотото на компанијата, кое ја потенцира заложбата на Пантелеон ГС да биде работно место во кое вработените се задоволни, успешни, ќе напредуваат и ќе уживаат во работата. Пантелеон ГС не само што обезбедува нови, модерни простории за работа туку овозможува и низа лични бенефити и услуги, но и натпросечни финансиски примања во однос на професионалците од истата индустрија на ова поднебје.
Повеќе инфо на https://panteleongs.mk/