Во денешниот свет, паметните телефони станаа суштински дел од нашите животи. Ги користиме за да комуницираме, да фотографираме, да гледаме видеа, да купуваме онлајн. Но, дали сте знаеледека вашиот смартфон можете да го користите и како паричник? Со развојот на технологијата замобилно плаќање сега можеме да го користиме паметниот телефон за сигурни трансакции кај трговците кои користат ПОС-терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање.
Користењето на мобилниот уред како паричник не само што е попрактично, туку е и побезбедно. Мобилните паричници користат напредни безбедносни мерки како биометриска автентикација, што значи дека само вие можете да пристапите до вашите информации за плаќање и со помош на отпечаток од прст.
Воведувањето на мобилната апликацијата HalkPay во Македонија е одговор на рапидното менување на трендовите во поглед на корисничкото искуство. Апликацијата HalkPay е достапна за секој клиент со активна платежна картичка од брендот Mastercard или Visa, издадена од Халкбанк АД Скопје.Апликацијата е потребно да се преземе од Google Play Store на паметен телефон со оперативен систем Android.
По инсталирање на HalkPay и потребната дигитализација на картичките, сѐ што треба да направи корисникот кога сака да изврши плаќање е да го доближи својот мобилен уред до ПОС-терминалот. Aпликацијата дополнително овозможува и плаќање со повеќе дигитализирани картички во банката,со тоа што како основна картичка се избира 1 картичка со опција за брзо плаќање (fast payment), а другите дигитализирани картички може да се користат за плаќање со мобилната апликација доколку пред плаќањето се избере конкретната картичка. Дополнително, преку апликацијата може да се врши и преглед на трансакциите кои се направени преку HalkPay, а клиентот добива и корисничка поддршка 24 часа, 7 дена во неделата.
Придружете се на иднината на плаќањата и почнете да го користите вашиот паметен телефон како паричник уште денес!