Одлуката е донесена како дел од годишниот оперативен план на Amazon, а се уште не е јасно што ќе се случи со досега објавените рецензии, вести и фотографии.
Како што е наведено во објавата, веб-страницата ќе остане активна до 10 април, а уредничкиот тим сè уште работи на нови содржини што ќе бидат објавени дотогаш.
„По скоро 25 години деловно работење, DPReview се затвора во блиска иднина. Оваа тешка одлука е дел од прегледот на годишниот оперативен план што го сподели нашата матична компанија претходно оваа година“, вели Скот Еверет, DPreview.
Веб-страницата, која се состоеше од архива на фотоапарати, форум, галерии, временска рамка, рецензии, видеа и фото-предизвици беше лансирана во 1998 година и оттогаш стана едно од местата за пронаоѓање рецензии на фотоапарати.
Покрај веб-страницата, се гаси и YouTube каналот DPReview. Сепак, Џордан Дрејк, еден од водителите на DRPeview TV и ко-водителот Крис Николс ќе продолжат да снимаат рецензии на YouTube на новиот канал, пренесува The Verge.