Според извршниот директор на Amazon, Енди Џеси компанијата планира да отпушти дел од вработените во наредните недели.
Според Bloomberg, кратењата пред сè ќе се одразат на центарот за обработка на податоци на Amazon Web Services, кој обезбедува услуги од областа на компјутерски облаци, човечки ресурси, рекламирање и групи од сервисот за пренос во живо Twitch.
Amazon претходно планираше да укине повеќе од 18.000 работни места. Компанијата речиси двојно го зголеми бројот на вработени во изминатите две години, бидејќи побарувачката за онлајн услуги се зголеми поради пандемијата на коронавирус. Сепак, растот на приходите на компанијата забави со укинувањето на рестрикциите.