Корисниците од САД и Велика Британија уште сега можат да го испробаат новиот четбот на Google заснован на јазичниот модел LaMDA, додека остатокот од светот и поддршката за други јазици сепак ќе мораат малку да почекаат
Почнувајќи од САД и Обединетото Кралство, корисниците може да бидат ставени на листа на чекање за пристап на англиски јазик до Bard, програма која претходно беше отворена само за оние кои ја тестирале. Google го опишува Bard како експеримент кој овозможува соработка со генеративна вештачка интелигенција, технологија која се базира на податоци од минатото за да создаде нова содржина.
По минатогодишното лансирање на ChatGPT, чет-бот од стартапот OpenAI поддржан од Microsoft, започна трка во технолошкиот сектор за вештачката интелигенција да достигне што е можно повеќе корисници. Очекувањата се дека вештачката интелигенција ќе го преобликува начинот на кој работат луѓето и ќе ги привлече деловните корисници.
Зголемување на продуктивноста
Минатата недела Google и Microsoft направија серија објави за вештачка интелигенција во рок од два дена еден од друг. Двете компании ставаат технологија за пишување во нивните текстуални процесори, како и други софтвери за соработка. Тие исто така воведуваат маркетинг алатки за веб-програмерите да изградат свои апликации базирани на вештачка интелигенција.
На прашањето дали конкуренцијата го принуди Google да го отвори Bard за јавноста, високиот директор Џек Кравчик рече дека компанијата е фокусирана на корисниците. Внатрешните и надворешните корисници го користеа Bard за „зголемување на продуктивноста, забрзување на идеите, стимулирање на љубопитноста“, рече тој.
Во демонстрацијата на bard.google.com, Кравчик покажа како програмата веднаш произведува блокови од текст, за разлика од ChatGPT, кој ги печати одговорите од збор до збор. Bard има и опција која прикажува три различни верзии или „скици“ на кој било од одговорите за корисниците да изберат. Има и копче на кое пишува „Google it“ доколку корисникот сака да бара дополнителни информации на интернет.
За разлика од ChatGPT, Bard не е способен да генерира компјутерски код, објави Google на својата веб-страница. Google, исто така, рече дека ја ограничил меморијата на Bard за претходните размени за разговор. Тие објавија и дека моментално не го користат Bard за рекламирање, што е јадрото на бизнис моделот на Google.
Bard нема секогаш да е во право
Проблемот што останува е точноста. „Baard нема секогаш да е во право“, гласеше предупредувањето во поп-ап прозорецот на Google за време на демонстрациите. Во промотивното видео минатиот месец беше прикажано како програмата погрешно одговори на прашање. После тоа, пазарната вредност на Alphabet се намали за 100 милијарди долари.
We're expanding access to Bard in US + UK with more countries ahead, it's an early experiment that lets you collaborate with generative AI. Hope Bard sparks more creativity and curiosity, and will get better with feedback. Sign up: https://t.co/C1ibWrqTDr https://t.co/N8Dzx1m0fc
— Sundar Pichai (@sundarpichai) March 21, 2023
Google истакна неколку грешки за време на демонстрацијата. На пример, како одговор на барањето, Bard погрешно одговорил дека на папратите им е потребна силна и индиректна светлина.
Во друг случај, Bard изработил девет пасуси од текст кога биле побарани четири. После тој одговор Кравчик кликна на копчето со палец надолу како повратна информација за Bard. „Ние сме свесни за ограничувањата на технологијата, па сакаме да бидеме многу намерни во темпото со кое ќе ја промовираме оваа технологија“, рече тој.