Премиерата на Huawei P60 и Huawei Mate X3 телефонот со флексибилен екран е закажана за 23 март, но малку порано протекоа информации за спецификациите.
Новите претставници на кремот на понудата на Huawei, P60 и Mate X3, ќе бидат официјално прикажани пред јавноста на утрешниот настан, но спецификациите малку подранија.
Се разбира, Digital Chat Station е инсајдер кој се пофали дека Huawei Mate X3 ќе има комбинација од 6,45-инчен надворешен AMOLED дисплеј и 7,8-инчен внатрешен 1080p дисплеј со Kunlun стакло и стапка на освежување од 120 Hz, што повеќе личи на екранот на Samsung Galaxy Z Fold4 моделот, отколку на минатогодишниот Huawei Mate XS2. Раздвојувањето на надворешниот и внатрешниот дисплеј може да навести дека Huawei има малку поинакви планови за серијата Mate X, барем кога станува збор за технологијата за отворање на флексибилниот екран.
Убав новитет е поддршката за безжично полнење, како и IPX8 водоотпорноста, што е навистина импресивно на телефоните со подвижни елементи, пишува TheTechOutlook.
Digital Chat Station наведува и дека Huawei Mate X3 ќе се базира на главна камера од 50 MP со сензор Sony IMX766 и дека ќе биде придружен со широкоаголна и перископ телефото камера.
Батеријата на новиот телефон е надградена од 4.500 mAh во Mate X2 на 4.800 mAh, а полнењето од 55 на 65 W. Она што веќе го знаевме е дека Mate X3 ќе користи Snapdragon 8+ Gen 1 чипсет, заедно со сериозни 12 GB RAM меморија.