Научниците долго време се обидуваат да дознаат повеќе работи за почетоците на животот на Земјата, а ново сознание покажува дека водата на нашата планета има долга историја.
Астрономи што ја анализирале водата во нашиот и во други сончеви системи откриле дека водата на Земјата е постара од Сонцето.
Тие анализирале млада ѕвезда која се наоѓа на оддалеченост од 1.305 светлосни години од Земјата и откриле дека водата на почетокот на постоењето на тој сончев систем има исти хемиски карактеристики како водата во нашиот Сончев Систем иако е стара милијарди години.
Нивната теорија е дека водата во нашиот Сончев Систем се создала пред нашето Сонце, кое е старо 4 милијарди години.
– Нашите резултати покажуваат дека водата била дел од Сончевиот Систем за време на неговото формирање. Тоа е возбудливо бидејќи покажува дека други планетарни системи, исто така, би требало да имаат големи количества вода – изјавила Мерел Вант Хоф од Универзитетот во Мичиген, која е еден од авторите на истражувањето.