Huawei денеска во Кина претстави голем број нови уреди, вклучувајќи ја и новата генерација на смартфонот со екран на преклопување, Mate X3. Уредот e полесен и доаѓа со подобрен механизам на преклоп, потенко куќиште, отпорност на вода и низа други иновации.
Компанијата се потпира на механизам во облик на капка при преклопување на главниот екран, кој исто така овозможува максимално ограничување на видливото превиткување на панелот. Се одликува со флекисбилен OLED дисплеј со дијагонала од 7,85 инчи, резолуција од 2496 x 2224 пиксели, брзина на освежување од 120 херци и читање на допир од 240 херци.
Има и фреквенција на затемнување PWM од 1440 херци, како и UTG покриеност. Двата екрани го покриваат DCI-P3 опсегот на бои и можат да репродуцираат 1,07 милијарди бои. Што се однесува до надворешниот дисплеј, се работи за LTPO панел кој поддржува стапка на освежување од 1 до 120 херци. Тој е со големина од 6,4 инчи со Full HD+ резолуција и има заштитен слој Kunlun Glass.
Компанијата обезбеди и опција за користење на главниот екран во полупреклопена состојба со дополнителна функционалност за камерата итн. Кога сме кај камерите, главната вклучува систем XMAGE со сензор од 50 MP со отвор на бленда f/1,8, 13 MP со ултраширокоаголен објектив и 12 MP со перископ оптика и оптичка стабилизација. Има и две селфи камери од 8 мегапиксели во отвори на двата екрана.
Mate X3 има подобрено тело кое има димензии 156,9 x 141,5 x 5,3 мм кога е расклопено и тежи 241/239 грама во зависност од задниот капак, кој може да биде од стакло или кожа. Додадена е и IPX8 сертификација за отпорност на вода.
Уредот користи Snapdragon 8+ Gen 1 4G чипсет, што значи дека нема 5G конекција, складирање на фајлови од 256/512 GB и 1 TB и батерија од 4800 mAh со брзо жично полнење до 66 вати и безжично до 50 вати. Достапна е Wi-Fi конекција со двоен опсег, Bluetooth 5.2, NFC и USB Type-C (3.1 Gen 1). За Кина е планирана и двонасочна сателитска комуникација Beidou.
Уредот пристигнува во пет опции на бои – сива, црна и виолетова со стаклен заден дел и зелена и кафена со заден дел обложен со кожа. Цените се движат од 12.999 јуани (1.748 евра) до 15.999 јуани (2.152 евра) во зависност од конфигурацијата на меморијата и материјалот на задниот дел.