Мicrosoft го претстави своето најново решение за вештачка интелигенција (AI) – Bing Image Creator. Се работи за алатка која може да го претвори текстот во слика.
Овој концепт не е нов, но во овој случај се базира на подобрена верзија на невронската мрежа DALL.E. Bing Image Creator работи така што и дава текстуален опис на фотографијата што сакате да ја креира.
Неколку секунди/минути подоцна, решението дава избор помеѓу четири опции. Сепак, постојат и некои ограничувања, како на пример дека фотографиите нема да се создаваат врз основа на познати личности и организации. Од компанијата велат дека се воведени дополнителни заштити.
Bing Image Creator е достапен на bing.com/create за кој било веб-прелистувач. Засега поддржува само англиски јазик.