Крипто-паричникот на Microsoft во прелистувачот Edge треба да им овозможи на корисниците лесно да ги складираат своите криптовалути. Иако беа објавени докази дека компанијата навистина ја тестира функцијата, засега не е познато кога таа ќе стане достапна за сите корисници
Иако пазарот на криптовалути е во опаѓање, Microsoft се подготвува да интегрира криптопаричник во својот прелистувач Edge. Како што дознава The Verge од сигурни извори, американскиот технолошки гигант веќе интерно тестирал оваа функција.
Како доказ дека Microsoft навистина „готви“ нешто, корисникот на Twitter, Албакоре објави скриншотови на кои е прикажан паричник со криптовалути во рамките на Edge.
„Најново од претстојните функции за Microsoft Edge. Паричник за криптовалути. Не сум баш сигурен што мислам за тоа дека ваква работа се уфрла во стандардниот прелистувач“, напиша Албакор во својата објава.
Newest in the gauntlet of questionable upcoming Microsoft Edge features, a crypto wallet 💸
Not really sure how to feel about this kind of thing being baked into the default browser, what are your thoughts?
More screenshots of the UI in the next tweet ➡️ pic.twitter.com/GAUPiZGLIY— Albacore (@thebookisclosed) March 17, 2023
Скриншотовите покажуваат дополнителни информации, па може да се забележи дека се работи за Web3 криптопаричник, кој ќе биде поврзан со децентрализирани апликации и наводно заштитен од небезбедни адреси или програми. Корисниците исто така ќе имаат целосна контрола врз нивните криптовалути и ќе можат да собираат и NFT.
Покрај сето тоа, Microsoft посебно ја нагласува леснотијата на користење на овој крипто-паричник, пред се поради фактот што директно ќе се интегрира во Edge, без дополнителни екстензии. Засега не е познато кога оваа функција ќе стане достапна за сите корисници.