Футуристичката соработка на Office документи со помош на Copilot помошникот кој го покренува AI доаѓа во форма на нова алатка од Microsoft, каде што се среќаваат човечката и вештачката интелигенција
Microsoft Loop сака да овозможи заедничко размислување, планирање и креирање на начин кој досега не бил возможен, барем кога станува збор за Office документите преку интеграција со пакетот Microsoft 365. Управувањето со задачи и проект исто така е олеснето.
Како што се наведува во објавата, „документите отсекогаш биле повеќе од само средство за забележување информации – тие биле начин за да се поврземе и да соработуваме, споделувајќи ги нашите мисли, увиди и аспирации со другите за да можеме да постигнеме повеќе, да се надградиме едни со други, а не работејќи сами“
Клучни предности
Кога станува збор за организација на проекти, Microsoft Loop помага да се создаде и одржува единствен работен простор кој се состои од алатки, документи, фајлови и линкови што му се потребни на тимот. Со додавање наслови и клучни зборови, Microsoft Loop ќе ги предложи најрелевантните парчиња за додавање во креираниот работен простор.
Microsoft Loop може дополнително да помогне сите да бидат на вистинскиот пат и да се фокусираат на најважните аспекти на работата со тоа што ќе овозможи да се споделуваат страници со целосен работен простор, било како линк или како страница во живо.
За поедноставно следење на напредокот на задачите, со цел подобро информирање на сите вклучени, овозможена е синхронизација на листата на задачи во Microsoft Planner и апликацијата To Do.
Покрај работата на компјутер, Microsoft Loop нуди и мобилна апликација за соработка во движење. Прегледот и доделувањето задачи, известувања и одговарање на истите се дел од достапните функционалности.