Најновиот додаток на линијата таблет уреди на Huawei е MatePad 11 2023. Моделот беше претставен вчера заедно со голем број други уреди, меѓу кои и смартфоните од Huawei P60 серијата и флексибилниот уред со екран на преклопување, Huawei Mate X3.
Како што сугерира неговото име, таблетот се базира на 11-инчен IPS екран со резолуција од 2560 x 1600 пиксели, стапка на освежување од 120 херци и покривање на P3 опсег на бои. Куќиштето е со димензии 253,7 x 165,3 x 7,2 мм и тежи 480 грама.
Таблетот го покренува Snapdragon 870 чипсет за Soft Edition или Snapdragon 865, 6/8GB RAM и 128/256GB простор за складирање податоци. Батеријата има капацитет од 7250 mAh и овозможува околу 12 часа репродукција на видео со едно полнење, поддржувајќи брзо полнење до 22,5 вати.
Задната камера е со резолуција од 13 мегапиксели, а предната е со 8 мегапиксели. Опциите за поврзување вклучуваат Wi-Fi конекција со двоен опсег, Bluetooth 5.1 и USB Type-C. Во однос на софтверот, уредот е базиран на HarmonyOS 3.1 оперативниот систем. Дополнително, поддржана е и работа со стајлус.
Таблетот ќе биде достапен во црна, сина, бела и виолетова боја со цени почнувајќи од 297 евра. Продажбата во Кина ќе започне на 30 март.
Huawei ја објави новата P60 серија која вклучува три смартфони
Huawei Mate X3 претставен со подобрен механизам на преклоп и водоотпорност