Xiaomi ги претстави смартфоните од Redmi Note 12 серијата во Европа, а се работи за вкупно четири модели.
На врвот на понудата е Redmi Note 12 Pro+, потоа скледува Note 12 Pro, додека почетниот модел е Note 12. Има и сосема нов 4G модел со истото име, Redmi Note 12.
Note 12 Pro+ доаѓа со главна камера од 200 MP, ултраширока камера од 8MP, макро и селфи камера од 2MP, 8GB RAM и 256GB простор за складиурање. Уредот се напојува од батерија со капацитет од 5.000 mAh, а во пакетот има и полнач од 120W. Телефонот го краси 6,67-инчен OLED екран и Mediatek MT6877V Dimensity 1080 процесор. Цената на овој модел изнесува 500 евра, а достапни се Arctic white, Iceberg blue, Obsidian black и Trend edition варијанти на бои.
Note 12 Pro чини 400 евра, има 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија, како и главна камера од 50 MP, која сепак има оптичка стабилизација на сликата. Неговата батерија од 5.000 mAh поддржува полнење од 67 W. Достапни бои се Stardust Purple, Frosted Blue, Onyx Black and White.
Основниот Note 12 модел (5G) чини 300 евра, а клиентите може да очекуваат 4 GB RAM и 128 GB простор за складирање. Ова не е Note 12 за кинескиот пазар, туку подобрена верзија со Gorilla Glass 3 заштита, слот за microSD и ултраширока камера од 8 MP. Можно е да се избере помеѓу Frosted зелена, Мат црна и Mystique сина варијанти на бои.
Што се однесува до Note 12 (4G), тој чини 200 долари и доаѓа со 6,67-инчен AMOLED екран со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz. Смартфонот го покренува Snapdragon 685 чипсет поврзан со 4, 6 или 8 GB RAM и 64 или 128 GB интерна меморија. На задната страна се наоѓа главна камера од 50 MP, како и ултраширок сензор од 8 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Уредот користи MIUI 14 интерфејс базиран на Android 13 и се напојува од батерија од 5.000 mAh која поддржува полнење од 33 W, како што е случај и со 5G верзијата. Достапен е во сива оникс, зелена нане и ледено сина боја.