Оваа година очекуваме сите уреди од iPhone 15 серијата да го понудат Dynamic Island, кој ја комбинира селфи камерата и Face ID сензорите во овална област на горниот дел на дисплејот, но неговата конструкција ќе се разликува од iPhone 14 Pro моделите.
Ова го истакнува познатиот аналитичар Минг-Чи Куо, кој на Twitter напиша дека Dynamic Island сега ќе го вклучува и сензорот за близина. Кај iPhone 14 Pro моделите, овој сензор се наоѓа под екранот, но надвор од Dynamic Island. Во iPhone 15 серијата тоа нема да биде случај, но модификацијата нема да донесе речиси никаква промена на Dynamic Island.
IQE將取代聯亞,成為iPhone 15系列的proximity sensor的磊晶晶圓 (epi wafer) 獨家供應商。所有iPhone 15機型雖均採用與iPhone 14 Pro機型相同的動態島設計,但差別在於iPhone 14 Pro將proximity sensor放置屏下/在動態島外,而iPhone 15系列則在動態島面積幾乎沒有變化下,將proximity…
— 郭明錤 (Ming-Chi Kuo) (@mingchikuo) March 24, 2023
Сензорот за близина открива кога уредот е во близина на лицето на корисникот за време на повик и го исклучува екранот за да спречи случајно активирање. Премиерата на iPhone 15 серијата се очекува во септември, а најверојатно повторно ќе вклучува четири модели.