Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, присуствуваше на презентација на 10-те инвестиции поддржани од акселераторот УКИМ.
Вицепремиерот Битиќи изјави дека презентацијата е организирана со цел, тие да ги презентираат нивните решенија пред инвеститорите и секако пред претставниците на Владата и дека од почетокот на неговиот мандат го поддржува активно домашниот старт ап бидејќи верува во нивниот потенцијал и енергија.
Заменик претседателот на Владата додаде дека заедно со старт-ап компаниите решаваме голем број на социјални и општествени проблеми, преку дигитализирање на нашите компании и институции, и заедно со нив да работиме на поголема инклузивност и диверзификација, со единствена цел да имаме подобар економски и општествен развој
„Сите сме сведоци дека Владата константно работи на подобрување на старт ап еко системот затоа што тоа е единствениот одржлив пат на нашата економија. Го поддржуваме старт ап еко системот преку различни програми во Фондот за иновации и технолошки развој туку и преку законот за финансиска поддршка на инвестициите во кои се обидуваме вредносните ланци во разните индустрии да ги имаме дома“.
Вицепремиерот додаде дека такво решение од домашна старт ап иновативна компанија веќе се имплментира во државните институции, АДА – првиот дигитален аи асистент базиран на вештачка интелигенција во јавниот сектор.
„Затоа денеска со нетрпение очекувам да ја видам презентацијата на 10-те инвестиции од акселераторот УКИМ. Среќен сум дека како Влада имаме креирано простор и систем кој овозможува развој и поддршка за ваквите компании. За младите бизниси, инкубаторите и акселераторите се исклучително важни и мислам дека досега имаме многу направено, но истовремено сум свесен дека тоа не е доволно и дека треба уште. Стартапите се моторот на новото време, турбините на современите економии. Затоа веќе со години трпеливо го градиме еко системот кој ќе им овозможи шанса“, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи.
Александар Стамболиев, Управител на Акцелераторот УКИМ информираше дека од оваа година освен досегашните активности што ги имаме за развој на нашето портфоио стартапи, сме и Секретаријат на европскиот институт на иновации и технологии, што им овозможува на сите компании, институции и стартапи да пристапат до изворите на финансирање кои ги има оваа институција.
Пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија, Моника Зајкова, изјави дека поддршката за стартапите од државата е една од стратешките цели на Националната стратегија за младите која се разгледуваше минатата недела во Собранието, и додаде дека е многу важно да ги поддржуваме ваквите идеи на младите преку тоа што создаваме економска стабилност и професионален раст на младите.