Британската сателитско-комуникацика компанија OneWeb ги лансираше последните 36 сателити во склоп на мрежата од првичните вакви 616 уреди, со коишто ќе му конкурира на Starlink на Елон Маск и ќе понуди глобална интернет-покриеност уште оваа година.
Директорот на OneWeb, Нил Мастерсон рече дека успехот на компанијата е резултат на обемна и напорна работа, и покрај геополитичките проблеми. Тие сега имаат доволно сателити во Земјината Орбита за да се обезбеди интернет во 48 американски сојузни држави.
Последната група сателити беше лансирана од индискиот остров Срихарикота, а полетувањето го изврши Индиската организација за вселенско истражување.
Следниот чекор на OneWeb се нови, пософистициран неколку стотици сателити коишто би можеле да чинат до четири милијарди долари, а треба да бидат оперативни до 2028 година.