Покрај Redmi Note 12 серијата, која вклучува дури четири членови за европскиот пазар, Xiaomi го претстави и Redmi Watch 3 часовникот. Станува збор за часовник кој ценовно е сместен во категоријата на евтини паметни часовници
Евтините паметни часовници на Xiaomi отсекогаш привлекувале големо внимание кај оние кои сакаат да купат добар носечки уред за прилично ниска цена. Ова се однесува за Xiaomi Band алката, но и за паметните часовници на Xiaomi. Еден од нив е Redmi Watch 3, претставен на настанот пред неколку дена.
Овој паметен часовник има 1,75-инчен AMOLED екран, за кој Xiaomi тврди дека ќе обезбеди добра видливост дури и при силна сончева светлина. Часовникот има и 5ATM сертификат за водоотпорност, за да можете да го користите додека пливате.
Redmi Watch 3 има 120 спортски режими, вклучувајќи трчање, возење велосипед, пливање итн. Покрај тоа, часовникот се карактеризира и со следење на спиењето за подобрување на здравјето.
Часовникот има и низа други карактеристики. Така, Redmi Watch 3 содржи сензор за следење на отчукувањата на срцето во реално време, можност за контрола на музика преку Bluetooth конекција, а од Xiaomi на презентацијата објавика дека часовник ќе нуди до 12 дена автономија со едно полнење.
Сите овие карактеристики се со конкурентна цена, што го прави Redmi Watch 3 идеален избор доколку барате прилично евтин, но добар паметен часовник.
Цената на Redmi Watch 3 во Европа изнесува 200 евра, а Xiaomi не објави детали за достапноста, но се очекува наскоро да биде достапен за купување на Стариот континент. Достапен е во црна и слонова коска варијанти на бои.