Најновите извештаи сугерираат дека нема да има „оживување“ на Fan Edition линијата на Samsung, што е лоша вест за оние кои се надеваа на пристигнувањето на Galaxy S23 SE. Сепак, пристигна една особено интересна информација.
Извори блиски до компанијата тврдат дека Samsung работи на „Tri-Fold“ уред кој треба да се појави на пазарот оваа година. Тоа би било значајна промена бидејќи досега имавме преклопни уреди со една шарка. Новиот паметен телефон наводно ќе се состои од три дела поврзани со две шарки, исто како што е случајот со концептите претставени од компанијата Samsung Display на CES во јануари оваа година.
Се уште нема детали, но информациите привлекуваат големо внимание со оглед на фактот дека помина многу време од воведувањето на нова форма во светот на мобилните телефони.
Поточно, станува збор за „проширување“ на постоечката форма, што не е лоша работа бидејќи би се избегнале потенцијалните и вообичаени проблеми кои се јавуваат кога нешто сосема ново ќе излезе на пазарот. Во овој случај, тоа е „само“ дополнителна шарка и малку покомплексен екран. Решението е ново, никогаш досега не било користено за масовно произведство на некој уред, но сепак не ги надминува границите на она што е познато.