Microsoft во својата нова верзија на Windows 11 за инсајдери тестира нов панел со виџети, а ние ви даваме упатство како да го испробате
Microsoft неодамна претстави нова верзија на Windows 11 Preview Build 25324 за инсајдери на каналот Canary, која донесува многу нови функции или промени заедно со подобрувања и поправки. Новиот виџет панел е една од најинтересните промени.
Како што е опишува Microsoft, новото искуство на панелот со виџети вклучува поголема површина со три колони и наменски оддели за виџетите и содржината на feed-ot со јасна поделба меѓу нив. Ќе видите и анимација кога ќе поминете со глувчето над Widgets иконата на таскбарот.
Microsoft моментно го тестира Widgets панелот со Canary инсајдерите, иако не е достапен за сите нив, пишува MSPowerUser. Овој нов панел Microsoft го нарекува „Evolved Widgets Board“ и моментно е ограничен на неколку избрани инсајдери на Canary каналот. Меѓутоа, ако немате пристап до него иако сте на најновиот канал на Canary, можете да го користите ViveTool за да ја активирате и тестирате функцијата.
За оние кои не знаат, ViveTool е софтвер кој ви овозможува пристап до скриените функции на Windows 11. За да овозможите одредени скриени функции, треба да ги знаете нивните соодветни ID. Благодарение на корисникот Albacore, го знаеме идентификаторот на функцијата за да го овозможиме новиот панел „Evolved Widgets Board“ во оперативниот систем Windows 11.
If you'd like to try the larger (3 column) widget canvas shown in Canary build 25324's changelog w/o waiting for the rollout, simply enable feature ID 43028164 and restart Widgets.
Works with Web Experience Pack v523.8200, inbox v423.5900 is too old so make sure to update first. pic.twitter.com/MVLM6dJV6J
— Albacore (@thebookisclosed) March 26, 2023
Како да се активира новиот панел со виџети во Windows 11 Build 25324?
- Преземете го ViveTool GUI од GitHub
- Инсатлирајте ја апликацијата
- Отворете ја апликацијата и побарајте ги ID функциите 43028164
- Овозможете ја
Откако ќе ги следите чекорите, рестартирајте го компјутерот за да го завршите процесот. Кратенката за стартување на панелот за виџети обично се наоѓа во левиот агол на таскбарот. Меѓутоа, ако сте го оневозможиле поради некоја причина, можете повторно да го овозможите со отворање на апликацијата Settings и со одење во Personalization, па на Taskbar. Во ставките на Taskbar, активирајте го прекинувачот Widgets, по што иконата за виџети повторно ќе се појави на лентата со задачи.