Microsoft ја надгради апликацијата Teams, со што ја направи побрза и полесна за работа. Според компанијата, постигната е двојно поголема брзина во однос на сегашната верзија. Покрај тоа, корисниците можат да сметаат на помазно скролање, а се користи 50 проценти помалку меморија.
Ажурираниот интерфејс е дизајниран да го ограничи бројот на кликови потребни за управување со известувањата, пребарувањето информации и организирање на каналите. Има и подобрени системи за овластување, синхронизација и известувања, а олеснето е и префрлањето помеѓу различни сметки.
Новиот Teams ќе поддржува функционалност со вештачка интелигенција, првично во форма на Smart Summary и Copilot. Сепак, апликацијата сè уште нема да биде достапна за сите. Јавниот преглед ќе стигне до одредени корисници од денеска, а конечната верзија ќе се појави до крајот на годината.