Компанијата Xiaomi официјално го објави Redmi Note 12 Turbo смартфонот во Кина, како и неговото специјално издание.
Се работи за првиот паметен телефон што го користи неодамна претставениот процесор Qualcomm Snapdragon 7+ Gen 2, кој е поврзан со до 16 GB LPDDR5 RAM и 1 TB UFS 3.1 меморија. Redmi Note 12 Turbo има 6,67-инчен OLED екран со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz, кој вклучува отвор за селфи камера од 16 MP.
Одзади има главна камера од 64 MP, како и ултраширока камера од 8 и макро од 2 MP. Уредот се напојува од батерија со капацитет од 5.000 mAh со поддршка за полнење од 67W, а користи MIUI 14 интерфејс базиран на Android 13. Смартфонот поддржува Bluetooth 5.3 и Wi-Fi 6, а има и слот за слушалки, како и IR сензор.
Корисниците ќе можат да избираат помеѓу црна, сина и сребрена боја.
Моделот со 8GB RAM и 256GB простор за складирање чини 290 долари, додека варијантата со 12GB RAM и 256GB интерна меморија чини 305 долари. Цената на моделот со конфигурација 12/512 изнесува 335 долари, а најскапиот од 378 долари има 16 GB RAM и 1 TB внатрешна меморија.
Xiaomi соработуваше со Warner Brothers и на специјалното Harry Potter издание на Redmi Note 12 Turbo. Овој модел има простран дизајн на задната плоча и додатоци, а доаѓа со 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање и е со цена од 349 долари.