Како што се приближуваме до претставувањето на новата iPhone 15 серија, се повеќе се шушка за Pro моделите, кои ќе ги изгубат класичните копчиња. Сега се дознава како тоа ќе функционира дури и кога батеријата е празна.
За оние кои не се запознаени, да повториме дека iPhone 15 Pro и 15 Pro Max, според гласините на дојавувачите, ќе добијат нови странични капацитивни solid state копчиња за промена на јачината на звукот и исклучување на звукот. Станува збор за капацитивни копчиња кои нема да се движат, но притисокот ќе го симулира Taptic Engine на Apple, како што беше случајот со Touch ID капацитивното копче под екранот на претходните модели на iPhone.
Двете копчиња за контрола на јачината на звукот ќе го замени едното долго, а прекинувачот за профилот на звук исто така ќе се претвори во програмабилно копче за акција, веројатно моделирано по она на Apple Watch.
На тој начин, тоа копче би можело да извршува толку различни функции колку што сега може iPhone Back Tap гестот со чукање со прст на задниот дел од уредот на iPhone.
MacRumors протесува тип од добро познат дојавувач кој минатата година однапред и прецизно отрил се за Dynamic Island. Според него, Apple ќе ги опреми iPhone 15 Pro моделите со уште понапреден процесор Super Lower Energy Mode, кој ќе обезбеди тие капацитивни копчиња да функционираат дури и кога iPhone е исклучен или кога батеријата му е испразнета.
Apple наводно моментного тестира хаптичкиот одзив на овие копчиња додека телефонот е исклучен, а постои можност тој да работи дури и со потрошена батерија.
Имено, iPhone сега го користи Low Energy Mode за функцијата за плаќање со Apple Pay услугата и лоцирање преку Bluetooth дури и кога батеријата е испразнета.