Индустријата за обработка на плаќања забележа неколку главни глобални трендови во последниве години, кои неизбежно се рефлектираат локално.
Дигитална трансформација
Со порастот на е-трговијата и дигиталните плаќања компаниите се оддалечуваат од традиционалните начини на плаќање и ги прифаќаат дигиталните решенија. Ова вклучува широко распространето усвојување на мобилни плаќања, веб страни и платформи за онлајн плаќање и дигитални паричници.
Двигатели на дигиталната трансформација беа компании како Apple, која ја понуди Apple Pay услугата за мобилно плаќање и дигитален паричник, PayPal со онлајн систем за плаќање, што им овозможува на потрошувачите и бизнисите да испраќаат и примаат пари по електронски пат, и Square компанијата за обработка на плаќања, која обезбедува низа решенија за електронско плаќање, вклучително и систем за мобилни продажни места (POS).
Според Филомена Пљаковска Аспровска, претседател на Управниот одбор и Главен извршен директор на КаСис АД Скопје, локално не заостануваме во доменот на дигиталната трансформација на индустријата.
„Можам да кажам дека во доменот на електронска трговија сме на исто ниво со најголемите глобални понудувачи како Amazon, Ebay, AliExpress, ASOS, и од функционален и од безбедносен аспект. Имајќи предвид дека сме сертифицирани по стандардите PCI DSS, PIN PCI, PCI Card Production, ISO 27000 и ISO 20000, за нас нема пречка во светската мапа за дејствување и давање на ИТ-професионални сервиси.
Во континуитет инвестираме во хардверски и софтверски решенија за одржување на безбедноста на инфраструктурата, подобрување на капацитетите и воведување нови и современи решенија за клиентите.“ – вели Пљаковска Аспровска.
Зголемена конкуренција стимулира иновации
Со влез на новите играчи како финтек стартапите и големите технолошки компании меѓу другите, на глобално ниво се зголеми конкуренцијата во индустријата за обработка на плаќања. Ова доведе до намалување на надоместоците за трансакциите и зголемување на иновациите.
На светот му се случија финтек стартапи како Stripe и Adyen, кои нудат услуги за обработка на плаќања за бизниси од сите големини со поволности кои овозможуваат иновативно искуство. Истовремено и големите технолошки компании како Amazon и Google, влегуваат во просторот за обработка на плаќања и се натпреваруваат со традиционалните играчи.
Од КаСис велат дека регионот настојува да ги следи трендовите, особено со стапување на сила на новиот Закон за плтежни услуги и платни системи кој е усогласен со Европската PSD2 регулатива. Компанијата минатата година стана официјален сертифициран процесор и за Discover мрежата, стекна и нови клиенти од регионот и го проширува своето портфолио на услуги во овој контекст.
„Соработките со Diners Club Македонија и Diners Club International во имплементација на нови технологии во регионот и пошироко, и со финтек компанијата Рубикон од Албанија за иновации во доменот на персонализација на чип картички, виртуелни картички, е-commerce и опслужување на мрежа на ATM-и, се потврда дека македонскиот бренд КаСис е прв избор и сигурен партнер не само на банките и е-трговците, туку и на финтек компаниите. Очекуваме дека многу од светските трендови во индустријата брзо ќе ги донесеме во регионот токму преку ваквите соработки и иновации.“ – истакнува главната извршна директорка на КаСис.
Безбедноста и спречувањето измами секогаш се во фокусот
Како расте бројот на трансакции преку Интернет, се зголемува загриженоста за безбедноста и измамите. Светските компании за обработка на плаќања инвестираат во напредни безбедносни технологии, како што се биометриска автентикација и машинско учење, за да спречат измами и да ги заштитат податоците на клиентите.
Генерално гледано, според сите параметри нашава држава има сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално опкружување. Во континуитет се прават и имплементираат планови за сајбер безбедност, како на пример во фаза на нацрт предлог е и новата Националната Стратегија за Сајбер безбедност 2023-2026.
Регулативата мора да го следи технолошкиот развој
Индустријата за обработка на плаќања мора да биде прецизно регулирана. Македонскиот пазар се отвори со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, во кој се интегрирани голем број на директиви и регулативи на Европската унија во сферата на плаќањата. Некои се ентузијасти, други се загрижени за промените.ж
„Очекуваме – велат од Касис – дека ќе има значајни промени во однос на проширувањето на листата на даватели на платежни услуги и сетот платежни услуги што ќе се нудат. Овој закон отвора многу можности за понуда на нови иновативни платежни решенија, но и предизвици во однос на довербата и безбедноста. Ние како компанија партнер на банките и другите учесници во екосистемот нудиме услуги за поефикасно прилагодување на новата регулатива, но и за овозможување нови услуги кои ќе бидат основа за понуда на иновативни и модерни решенија.“
Брзи плаќања во реално време и персонализирано искуство се иднината на индустријата. Генерално може да очекуваме значителни промени за услугите да ги задоволат барањата на дигиталната економија. Компаниите кои можат ефективно да се движат низ овие трендови и да обезбедат иновативни, сигурни и ефикасни решенија за плаќања, ќе бидат добро позиционирани за успех во годините што доаѓаат.