Xiaomi пред три дена официјално го претстави најмоќниот член на Redmi Note 12 серијата. Во Кина е претставен Redmi Note 12 Turbo, кој најверојатно ќе пристигне на глобално ниво под името Poco F. Првите продажни резултати на овој телефон се импресивни.
Кинеската компанија го објави првиот извештај за продажбата на овој телефон, во кој се вели дека уредот станал најпродаваниот модел во опсегот на цени од 2.000 до 3.000 CNY, што е помеѓу 265 и 400 евра, на три главни локации за е-трговија во Кина.
За пет минути откако стана достапен за купување, смартфонот го собори дневниот рекорд на моделот Note од 2019 година и стана еден од најбрзо продаваните модели на првиот ден од продажбата од серијата Note.
Да потсетиме, цената на Redmi Note 12 Turbo започнува од 1999 RMB, што е околу 290 долари, за верзијата со 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање и до 2799 RMB, што е околу 380 долари.
Redmi Note 12 Turbo моментно е еден од најдобрите телефони од средната класа, а тоа првенствено се должи на новиот чип Snapdragon 7+ Gen 2, кој неодамна беше претставен. Пристигнува во комбинација со до 16 GB LPDDR5x RAM меморија и до 1 TB внатрешна меморија UFS 3.1, што се карактеристики на флегшип телефон. Телефонот работи со Android 13 и MIUI 14 на Xiaomi.
На задната страна, телефонот има сензор за главна камера од 64 MP со поддршка за OIS. Покрај него, има и ултраширок сензор од 8 MP и макро сензор од 2 MP. Во отворот на предната страна е сместена селфи камера со резолуцијаод 16 MP.