Се очекува дека Samsung ќе ја подигне летвичката на ново ниво кога е во прашање претстојниот Galaxy S24 Ultra модел.
Јужнокорејскиот гигант планира да имплементира дисплеј со стапка на освежување од 144 Hz во својот следен премиум уред, што ќе го направи телефонот првиот Galaxy модел со споменатата стапка на освежување на екранот.
Освежувањето на екранот од 144 Hz ќе овозможи пофлуидни анимации, што посебно ќе им одговараат на гејмерите, а исто така ќе донесе побрзо вчитување и севкупно побрзи перформанси.
Според неодамнешните извештаи, Galaxy S24 серијата треба да има и сателитско поврзување, слично на функциите што моментно ги нудат Apple и Huawei.
Се очекува Galaxy S24 серијата да биде покренувана од Snapdragon 8 Gen 3 чипсет, кој треба да понуди значително подобри перформанси од сегашната генерација. Јадрото на процесорот X-4 со високи перформанси треба да има 15% подобра брзина на такт во споредба со јадрото X-3 од чипот Snapdragon 8 Gen 2.
Се споменуваат и подобрувања на камерите, па така подобрениот сензор од 200 MP на моделот Galaxy S24 Ultra ќе има подобрени можности за зумирање на телефото камерата.
Се разбира, треба да се напомене дека сите овие се само гласини во овој момент и треба да се земат со резерва. Samsung сè уште официјално нема потврдено ништо кога станува збор за серијата на телефони Galaxy S24.