Наскоро очекуваме Sony да претстави нов модел на целосно безжични слушалки – WF-C700, како и нова варијанта на познатиот модел WH-1000XM5 во сина боја. Пред нивното официјално деби, се појавија голем број детали и фотографии.
WF-C700 очигледно ќе нуди дијафрагма од 5 mm, ќе има IPX4 сертификат и ќе тежи 4,6 g по слушалка. За поврзување ќе се користи Bluetooth 5.2, а опсегот на фреквенции изнесува од 20 до 20.000 херци.
Sony WF-C700 (without watermarks)
PS: whyyyy do you pay for these leaks, why? pic.twitter.com/SuI8lOJoNA
— Roland Quandt (@rquandt) March 30, 2023
Меѓу можностите ќе бидат Google Fast Pair, компатибилност со Siri и Google Assistant, како и издржливост до 10 часа со едно полнење и до 20 часа со полнење во куќиштето. Нивната премиера се чини дека ќе биде помеѓу 4 и 14 април, а цената за Европа може да биде 120 евра.
new Sony WH-1000XM5 Blue variant (without watermarks)
PS: again, same question, why pay for these leaks. dammit. pic.twitter.com/8yCr9qSvLH
— Roland Quandt (@rquandt) March 30, 2023