Отстранети се милиони фотографии, рецензии и други делови од лажни содржини, а Google детално ги опиша чекорите што ги презел за да спречи лажните информации да стигнат до Google Maps
Google Maps им помага на повеќе од милијарда луѓе да го истражуваат светот и да се движат секој месец. Меѓу другото, мапите нудат дополнителни информации како што се фотографии, видеа, рецензии и оценки на бројни деловни и јавни објекти. За таа содржина да биде корисна, треба да е вистинита.
Токму за тоа беше објавен осврт на 2022 година, каде Google објаснува како се бори против невистинити, односно лажни содржини.
Со помош на машинско учење, се откриваат малициозни обрасци и многу такви содржини се откриваат и отстрануваат дури и пред да бидат објавени. Што се однесува до содржината што стигна до крајните корисници, „115 милиони навредливи критики беа отстранети заедно со 200 милиони фотографии и седум милиони видеа кои беа матни, неквалитетни или ги прекршија правилата за содржините“.
Google спречи и 20 милиони обиди за креирање лажни профили на компании, 8 милиони повеќе отколку во 2021 година, додека повеќе од 185.000 компании беа заштитени по откривање на сомнителни активности и обиди за злоупотреба.
U