Веќе извесно време на глобалниот пазар е достапна новата серија на смартфони – Xiaomi 13. Вклучува неколку модели, но наскоро може да им се придружи уште еден смартфон, а се работи за долгоочекуваниот Xiaomi 13 Ultra.
Сега новите податоци сугерираат дека би можел да има главна камера со четири сензори од 50 MP, а освен оние од 13 Pro, ќе биде вклучена и една со објектив за зумирање. За жал, не е наведено колку ќе изнесува оптичкиот зум.
Xiaomi 13 Ultra
(rumoured)– 6.7" QHD+ AMOLED LTPO, 120Hz
– Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2
– 12/16GB RAM
– 256/512GB storage
– Rear Cam: 50MP + 50MP (UW) + 50MP (zoom) + 50MP (Tele)
– Selfie: 32MP
– Android 13, MIUI 14
– Leica color
– 4,900mAh~ battery, 90W wired, 50W wireless— Yogesh Brar (@heyitsyogesh) April 3, 2023
Xiaomi 13 Ultra може да понуди LTPO AMOLED екран со дијагонала од 6,7 инчи, Quad HD+ резолуција и брзина на освежување од 120 херци. Вклучен ќе биде и Snapdragon 8 Gen 2 чипсет, 12/16 GB RAM и 256/512 GB простор за складирање фајлови. Батеријата ќе има капацитет од 4900 mAh со поддршка за жично полнење од 90 вати и безжично полнење од 50 вати.
Xiaomi 13 Ultra == May 2023 https://t.co/rzoxVzBy28
— SnoopyTech (@_snoopytech_) March 10, 2023
Предната камера може да биде од 32 мегапиксели, а софтверски е поставена на MIUI 14 со Android 13. Очекувањата се дека уредот ќе дебитира во месец мај и би требало да биде достапен на глобално ниво.