Иако сè уште не полетала, тоа не значи дека новата ракета на SpaceX, наречена Starship веќе нема резервирани летови.
Стартапот наречен Astrolab соопшти дека неодамна потпишал договор со SpaceX за да резервира место во карго мисијата на Starship планирана за лансирање во средината на 2026 година.
„Ова ќе биде комерцијален карго договор за SpaceX кој се однесува на површината на Месечината“, рече директорот на Astrolab, Џерет Метјус.
Astrolab развива возило кое еден ден треба да превезува опрема, материјали и луѓе низ површината на Месечината. Станува збор за ровер со големина на Jeep Wrangler наречен Flexible Logistics and Exploration (FLEX), што значи дека е поголем од роверот Perseverance на NASA, кој се наоѓа на Марс. Новиот ровер има роботска рака која помага при товарот и може да се движи со брзина до 24 км/час, но и да превезе двајца астронаути.
Откако на Месечината, FLEX ќе стане најголемиот ровер на површината на Месечината. Astrolabe веќе има клиенти заинтересирани за транспорт на товар на површината на Месечината и ќе игра значајна улога во постојаното присуство на луѓето на Месечината.
Целта е да се има флота ровери на Месечината и Марс.