Најновите Samsung OLED и Neo QLED модели на телевизори нудат врвно искуство за гледање со супериорен квалитет на сликата, напредни функции и најнови ажурирања на SmartThings
Компанијата Samsung Electronics денес на витуелниот настан Unbox & Discover 2023 ги претстави најновите модели на телевизори, како и новите искуства со екранот кои ја прикажуваат визијата на Samsung “Screens Everywhere, Screens for All.“
„Во компанијата Samsung разбираме дека технологијата треба да ги зајакне и подобри животите на луѓето, а не да ги комплицира. Со избирање на Samsung уред, корисниците можат да очекуваат единствени „wow“ доживувања, а сето тоа како дел од иницијативата на Samsung за намалување на ннегативното влијание врз животната средина“, рече Jong-Hee (JH) Han, потпретседател, извршен директор и шеф на одделот DX (Device eXperience) во Samsung Electronics.
Нови премиум екрани за премиум корисничко искуство
Samsung е веќе 17 години заред на врвот на глобалниот пазар за телевизори, што претставува доказ за постојаното пружање на врвно доживување и дизајн насочен кон корисниците. Новата линија Samsung OLED телевизори за 2023 година носи мноштво на напредни аудиовизуелни функции. Опремени се со технологија Quantum Dot, која овозможува одлично искуство на екранот, како и прикажување на темно црни и чисто бели бои, и живописно прикажување на други нијанси. Процесорот Neural Quantum 4K ги надополнува главните предности на OLED технологијата, а станува збор за процеси кои дополнително ја подобруваат осветленоста, боите, контрастите и обезбедуваат невидена посветеност на деталите, додека технологијата 4K AI Upscalingобезбедува гледање на содржината во 4K резолуција. Технологијата Dolby Atmos® обезбедува беспрекорно јасен звук, прикажувајќи го секој детал со неспоредлива јасност и длабочина. Samsung OLED TV доаѓа со сертификација FreeSync Premium Pro на AMD за врвно гејминг искуство. Покрај моќната технологија, новите Samsung OLED телевизори имаат дискретен LaserSlim дизајн со ултра тенка рамка за максимална елеганција.
За врвно кино искуство на големиот екран, новата линија на Samsung Neo QLED телевизори се одликува со технологија Quantum Matrix Technology Pro која носи подобрен квалитет на сликата. Со употреба на иновативни Quantum Mini LED светилки со 14-битна обработка и вештачка интелигенција, се контролира изворот на светлина, но и се подобрува јасноста и контрастот на црната боја. Технологијата Quantum HDR 64x ги доловува најдобрите детали во светли и темни области за да се прикаже вистинскиот квалитет на сликата HDR 10+, така што корисниците можат целосно да се соживеат во содржината на екранот. Исто така, овие телевизори ги движи моќен Neural Quantum 8K процесор кој користи вештачка интелигенција за да обезбеди врвно 8K искуство во домот. Овој процесор има 64 независни мрежи за вештачка интелигенција, од кои секоја ги анализира карактеристиките на содржината и квалитетот на приказот и додава длабочина и острина. Исто така, Neo QLED 8K телевизорите се одликуваат со екранот Infinity Screen и дизајнот Infinity One, кој со минималистичките рамки, тенок профил и рамен заден дел одлично се вклопува во секој ентериер, без разлика на големината на просторот.
Поврзаност по мерка на корисникот
Samsung телевизорите се поврзани со платформата SmartThings, што го олеснува поврзувањето на уреди во домот, овозможувајќи им на корисниците пристап до голем, отворен екосистем од моментот кога ќе го отпакуваат својот нов уред. Со помош на Home Connectivity Alliance, платформата SmartThings е компатибилна со различни брендови на уреди, овозможувајќи им на постоечките уреди лесно да се поврзат со нови. Исто така, SmartThings е дизајниран имајќи ја предвид безбедноста – Samsung Knox Vault складира чувствителни информации во изолиран чип, како што се PIN-кодови и IoT клучеви, со што спречува неовластен пристап.
Намалување на негативното влијание врз околината
Со новите кориснички искуства со премиум екрани, настанот Unbox & Discover претставува напредок на компанијата Samsung во правец кон остварување на своите цели за одржливост. Samsung работи на создавање на помалку еколошки штетен животен циклус на своите производи.
Новата, трета генерација на далечинскиот управувач SolarCell Remote доаѓа во потполност без батерија и може да се полни преку радио френквенција од 2,4 GHz, црпејќи енергија од сигналите кои ги емитираат Wi-Fi насочувачите за домашна употреба, и воедно ја намалуваат потребата за еднократните батерии. Корисниците исто така можат да ја активираат функцијата AI Energy Mode од својот телефон или телевизор, со што е овозможено следење и контрола на потрешената електрична енергија и навиките.
Достапност
Најновите модели на Samsung Neo QLED и OLED телевизори во С. Македонија ќе бидат достапни на крајот од април. Neo QLED ќе биде достапен по препорачана малопродажна цена од 117.999,00 денари, а OLED по предложена малопродажна цена од 129.999,00 денари. Во моментов можете на направиле преднарачка, и на подарок да добиете избрани уреди од сериите Galaxy A или S. За повеќе информации за преднарачката, посетете го овој линк.
Повеќе за најновите модели на Samsung телевизори, дознајте од настанот Unbox & Discover кој можете да го следите тука.