За секоја нарачка преку интернет супермаркетот Пакет.мк во вредност од 2.000 денари и плаќање со Visa картичка, Visa и Пакет.мк овозможуваат попуст од 15% на вкупната сума. Со оваа акција е опфатен целосниот асортиман достапен преку платформата Пакет.мк и вклучува храна, намирници, производи за домот и градината, суплементи и производи од аптека, бебешки производи, играчки и детски аксесоари и уште многу други производи.
За да се оствари попустот потребно е минималната вредност на кошничката да биде 2.000 денари и плаќањето да се изврши со Виза картичка. Од попустот се изземени производите кои се веќе на попуст, искористените Пакет поени, доплатата за достава и термин за достава.
Од Пакет.мк велат и оваа акција е создадена со цел услугите на најголемата платформа за онлајн купување во Македонија да станат што подостапни за граѓаните, а освен поволноста во онлајн пазарување и достава на производите до врата, да добијат и значаен попуст. Ваквата грижа за корисниците и создавање бројни поволности при онлајн пазарување, е причина што на годинешните eCommerce Awards за избор на најдобрите во македонската е-трговија, Пакет.мк е прогласена за најдобра Е-продавница за храна и пијалаци. На истото натпреварување беше издвоен и како e-трговец на годината, најпопуларна е-продавница, e-трговец со најдобра грижа на корисници и e-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки.
Интернет супермаркетот Пакет.мк е првата онлајн платформа во Македонија, работи веќе 5 години и на потрошувачите им овозможува избор на повеќе од 10 000 производи достапни за достава истиот ден.