Минатата година, Xiaomi 12 Ultra не се појави на пазарите надвор од Кина, но компанијата објави дека следните производи од серијата ќе бидат достапни на меѓународно ниво. Веќе имаме официјална потврда дека премиерата на Xiaomi 13 Ultra ќе се одржи уште во текот на овој месец.
Xiaomi објави заедничка изјава со германската компанија Leica и во неа откри дека лансирањето ќе се случи во април. Во објавата станува збор за Кина, а меѓународното претставување ќе се одржи во следните месеци, така што ќе мора да бидеме трпеливи.
Marking another milestone for the strategic cooperation between Xiaomi and @leica_camera, and the mobile photography world.
Debuting this April, #Xiaomi13Ultra will be available in global markets in the coming months. https://t.co/ljTyEmFbGK
— Xiaomi (@Xiaomi) April 6, 2023
Од соопштението на Leica, јасно е дека двете компании работеа заедно за да го испорачаат најновиот мобилен оптички систем, каков што претходно не бил виден, како и најдобриот Summicron објектив некогаш создаден за мобилни уреди. Уште повеќе, според компанијата, за прв пат сите мобилни леќи имаат одлични оптички способности.
„Веруваме дека совршениот објектив треба да има широк отвор, компактни димензии и високи перформанси низ опсегот на фокусна должина“, додава Leica. Според гласините, Xiaomi 13 Ultra ќе понуди камера со четири сензори од 50 мегапиксели – вклучувајќи 3x и 5x оптички зум. Очекуваме и главен сензор со променлива бленда