Испораката на Mac компјутерите на Apple паднаа за 40,5 проценти во првиот квартал, што е најлош пад што гигантот го забележа од 2000 година, откако слабата побарувачка и презаситеноста на пазарот особено тешко го погодија производителот на Mac.
Испораките на сите компјутери паднаа за 29 отсто, односно на 56,9 милиони примероци, паѓајќи под нивото од почетокот на 2019 година, бидејќи полека избледува растот на побарувачката предизвикан од пандемијата, вели новиот извештај на IDC. Меѓу лидерите на пазарот, Lenovo и Dell забележаа пад од повеќе од 30%, додека HP забележа пад од 24,2%. Со посебен проблем се соочува TSMC, кој по рекордните добри резултати почна да бележи нагло опаѓање на приходите.
Пазарот на десктоп компјутери е забавен веќе неколку квартали, а закрепнувањето во втората половина од годината е се уште можно, според некои експерти. Сепак, овие извештаи се посебен удар за Apple, а компанијата ги подготвува инвеститорите за послаби резултати, наведува Bloomberg.
Последен пат кога Apple претрпе толку голем пад на побарувачката на Mac, технолошката индустрија се бореше со пукањето на dot-com балонот. Стив Џобс беше само неколку години на чело на компанијата, а потоа компанијата го претставија едно од најпознатите промашувања – компјутерот познат како Cube.
Додека се справува со оваа криза, Apple подготвува нови модели кои би можеле да ја зголемат побарувачката. Компанијата се подготвува да ја лансира својата идна серија лаптопи и десктоп компјутери подоцна оваа година, вклучувајќи го и новиот iMac и 15-инчниот MacBook Air.
Добрата страна на сето ова е што производителите сега имаат време и простор да „направат промени бидејќи многу фабрики почнуваат да ги истражуваат производните опции надвор од Кина“, се вели во извештајот на IDC.