Huawei официјално објави дека премиерата на Nova 11 серијата ќе се одржи на 17 април, а компанијата има сличен пристап како кај P60 серијата со фокус на камерите
На прв поглед на промо постерот, Huawei Nova 11 изгледа многу интересно, со специфичен дизајн на задната страна на телефонот, кој ја нагласува главната камера. Ако малку го зумирате постерот објавен на мрежата Weibo, може да се види дека Huawei користи некаков вид (вештачка) кожа за грбот, со текстура на која е врежано името на серијата.
Мора да се напомене дека не се работи за дизајн кој ќе им се допадне на сите, но веруваме и дека дел од публиката (женска) ќе биде воодушевена од иновативниот пристап, кој не и недостасува на кинеската компанија кога станува збор за дизајнот на новите уреди.
Според изворите, најмоќната верзија на Huawei Nova 11 серијата излегува од вообичаената пракса за овие модели, па затоа ќе има чипсет Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 4G. Ова е најдобриот чипсет што Huawei го користи во своите телефони и го има во серијата Mate 50, а бидејќи се работи за унапредена верзија од производствените капацитети на TSMC, перформансите и енергетската ефикасност се нешто за што не треба многу да се грижите.
Она што е исто така интересно се плановите на оваа компанија, која во серијата Nova, која минатата година доаѓаше со Snapdragon 778G, сега го уфрла истиот чипсет како во Mate 50 серијата, која доаѓа со повеќе од 50 проценти повисока цена.
Покрај овие најави, се шпекулира и дека Nova 11 серијата би можела да добие и некој вид на сателитска комуникација со сателитскиот систем Beidou, така што ќе може да се повика помош во итните случаи на локациите без покриеност со мобилна мрежа.