Компанијата Xiaomi до крајот на овој месец ќе го претстави својот најдобар паметен телефон – Xiaomi 13 Ultra. Ќе пристигне како најмоќниот член на Xiaomi 13 серијата, а сега конечно знаеме како ќе изгледа.
Smartprix, во соработка со познатиот дојавувач OnLeaks, создаде висококвалитетни рендери на Xiaomi 13 Ultra.
Дизајнот открива дека смартфонот ќе има заоблени рабови со огромен модул за камера на задната страна. Капакот е бел на овие рендери и има кожна завршница. Во овој модул ќе се најдат четири сензори за камери и двоен LED блиц. Главниот сензор ќе биде оној од 50 MP, а станува збор за Sony IMX989 сензор. Останатите три камери исто така ќе пристигнат со сензор од 50 MP.
Она што е особено интересно е што телефонот станува подебел кон врвот, а самиот модул на камерата е сепак многу дебел, па прашање е каква би била ситуацијата доколку телефонот не се здебелува. Дебелината на телефонот со испакнатината на камерата ќе биде околу 15,6 мм, што е воопшто не е тенко
Телефонот ќе има димензии 163,18 x 74,64 x 9,57 мм. На десната рамка е сместено копчето за вклучување заедно со регулаторот за јачина на звук, додека левата рамка е празна.
Кога станува збор за предниот дел на уредот, Xiaomi 13 Ultra има прилично тенки рамки околу екранот, додека на врвот има отвор за предна камера од 13 MP.
На долниот раб се сместени USB Type-C приклучок за полнење, отвор за SIM картичка и решетка за звучник, додека на горниот раб се сместени микрофоните и IR blaster. Самото тело на телефонот изгледа како да е направено од алуминиум.