CEED Македонија е водечки бизнис клуб во нашата држава со уникатна платформа за вмрежување и до-едукација.
Од основањето во 2007 година работат на до-едукација и вмрежување на преку 2000 членки во светот воедно и се и дел од меѓународната мрежа на CEED претприемачки центри, оперативен низ 18 држави, на 4 континенти.
Нивното верување е дека единствено преку развој и поддршка меѓу сопствениците на бизниси може да се трансформира бизнис климата и инспирира полово еднаква, претприемачки ориентирана младина.
За таа цел после 15 години искуство и многу научени лекции, конечно членувањето го отвораат БЕСПЛАТНО за нови компании кои ги исполнуваат критериумите и кои ќе бидат формално поканети од Комитетот за евалуација. Повеќе инфо на следниот линк.
Од пред неколку месеци лидерство над организацијата зема Филип Димитровски, ко-основач и сопственик на неколку бизниси, кој заедно со неговиот Founder’s circle, односно членките кои претставуваат одбор на директори кои се одговорни за дефинирање на стратегијата, мисијата и визијата на организацијата како и годишниот план на истата го реструктурираа Бизнис клубот, воведоа нови производи и допрва има нови услуги кои дополнително ќе ја зацврстат позицијата и доминацијата на клубот во државата и во регионот.
Членките кои се дел од привилегираниот Founder’s circle засега се: Бизнис Мрежа, Пиксел,Бреинстер и Прилепска Пиварница.
Критериумите за станување член се:
- ФАЗА НА РАСТ: CEED Бизнис клубот е за “scale ups”. Претприемачите го имаат пронајдено своето место на пазарот, имаат продукт-маркет фит и се на пат кон следната фаза на експанзија и интернационализација. Имаат минимум од 5 вработени.
- ВИСИНА НА ПРИХОДИ: CEED бара претприемачи кои градат бизниси со скалабилни и потенцијално иновативни и дисруптивни бизнис модели. Компаниите имаат минимум годишен приход од 150к ЕУР.
- ОСТАНАТИ АСПЕКТИ:
- Времетраење на пазарот, Комплексност на организацијата и земјата на потекло на самиот бизнис.
За сите кои сметаат дека нивната компанија ги исполнува критериумите наведени погоре и си заинтересирани да дознаат повеќе за CEED Македонија, можат да се пријават на следниот линк.
Бесплатниот пакет ги вклучува следниве услуги и бенефити:
- Услуга за 1 на 1 поврзување со членка *
- Пристап до Актуелни бизнис информации
- Пристап до Подкаст
- Пристап до Совети за вмрежување
- Пристап до Вебинар
- Извештаи за импактот на CEED
* Услугата 1 на 1 поврзување со членка е ограничена на еднаш (1) во текот на годината
CEED Македонија го задржува дискреционото право на база на дефинираните критериуми да направи објективна анализа и одлучи по основ на апликација за членување.