Oppo Find X6 Pro собра рекордни 153 поени на DxOMark тестот и на тој начин ја презема „круната“ за паметен телефон со најдобрата камера на пазарот
Минатиот месец Oppo го претстави телефонот за кој вели дека ја има најдобрата камера на пазарот. Станува збор за моделот Find X6 Pro, кој доби рекордни 153 поени на тестот DxOMark и со тоа се најде на првото место пред „гигантите“ како Honor Magic5 Pro и Huawei Mate 50 Pro.
„Oppo Find X6 Pro е новиот број 1 во рангирањето на DxOMark, благодарение на неговите извонредни перформанси и огромните подобрувања во споредба со претходникот, што го прави одлична опција за фотографите кои сакаат да снимаат пејзажи и портрети со многу природни детали во сите услови на осветлување“, забележува DxOMark.
Find X6 Pro има три големи сензори од 50 мегапиксели, за кои DxOMark вели дека обезбедуваат фотографии полни со детали и со минимален шум, без оглед на условите на дневна или ноќна светлина. Тие особено ја пофалија видео стабилизацијата, која е „рамо до рамо“ со видео шампионот iPhone 14 Pro.
Немаше многу негативности, но рецензентите на DxOMark се пожалија дека мерењето на експозиција не функционира доследно во фотографиите и видеата, а велат и дека групните снимки мора да се креираат од далеку поради сензорот од 1 инч. Ако, секако, корисникот сака сите да бидат во фокусот. Целосното опширно тестирање е достапно на следниот линк.
За потсетување, Oppo Find X6 Pro доаѓа со Snapdragon 8 Gen 2 чипсет, поврзан со до 16 GB RAM и до 512 GB внатрешна меморија. Смартфонот може да се пофали со голем, 6,82-инчен LTPO3 AMOLED екран со тенки рабови и веќе споменатиот систем од три камери од 50 мегапиксели, предводени од главниот 1-инчен сензор. Камерите, инаку, се потпишани од Hasselblad.
Според сегашните информации, Oppo Find X6 Pro нема да стигне на пазарот надвор од Кина.