Microsoft е јасен – нема повеќе емулација на игри на конзолите на Xbox.
Доколку сакате да се почувствувате носталгично и да ги играте сите оние наслови што сте ги сакале кога сте биле помлади, се плашиме дека повеќе нема да можете да го правите тоа на конзолите од серијата Xbox S/X, бидејќи Microsoft штотуку објави ажурирање што го блокира работењето на емулаторот од Microsoft Store.
Сопствениците на Xbox од самото лансирање можеа да стартуваат емулатори и да играат игрици од постари системи, а Xbox Series S брзо се покажа како едно од најдобрите решенија за оваа намена. Не само што оваа конзола е доволно моќна за да работи сѐ што се бара од неа, туку е и најевтината машина од новата генерација, па гејмерите релативно прифатливо би можеле да ја прошират библиотеката со достапни наслови и да уживаат во старите и новите игри.
Сепак, оние што ја користеа оваа функција беа пречекани со порака по најновото ажурирање дека емулаторот не може да се стартува бидејќи ја прекршува политиката на Microsoft Store.
Ова, сепак, не е изненадувачки развој. Иако софтверот за емулација е целосно легален, пуштањето игрици не е, или е барем во сивата зона, така што многу компании сметаат дека емулаторите се платформа за пиратерија. Всушност, Microsoft во својата политика за користење веќе нагласи дека не поддржува емулација на своите конзоли, но дури сега одлучи да застане на патот на оваа форма на забава на ниво на оперативниот систем.
За среќа, сè уште не е сè изгубено. Програмерскиот режим, кој ги чини корисниците 20 долари, сè уште може да работи емулатори преземени надвор од Microsoft Store, но оние што не сакаат да платат ќе мора да се помират со новата одлука.