Вчера видовме наводни фотографии од следниот премиум флегшип Xiaomi 13 Ultra, а набргу потоа беше официјално потврдено и кога ќе се одржи премиерата на уредот. Од објавата на основачот и извршен директор на Xiaomi, Леи Јун на Twitter, дознаваме дека објавата ќе се одржи на 18 април.
Се чини дека се работи за меѓународна премиера, а настанот е насловен како „A Shot above“. Потсетуваме дека компанијата претстави три модели од серијата 13 за време на Mобилниот конгрес во Барселона, а сега е пред комплетирање со најмоќниот модел Ultra.
Thrilled to announce our latest innovation – #Xiaomi13Ultra. Co-engineered with Leica, this masterpiece redefines mobile imaging with its revolutionary camera technology. Join me to witness a new era of mobile optical imaging on April 18th, 19:00 GMT+8.🟠📷🔴 #AShotAbove pic.twitter.com/p5WMsw0ydU
— Lei Jun (@leijun) April 12, 2023
Новиот модел ќе претставува надградба во однос на другите посебно во поглед на камерата, а може да има четири сензори од 50 MP. Секако, овој модел е креиран во партнерство со Leica, вклучувајќи ги и сопствените леќи Summicron.
Речиси е сигурно дека на настанот ќе видиме и нови IoT производи.
Ексклузивни рендери откриваат како ќе изгледа Xiaomi 13 Ultra