Apple се чини планира да издаде iPhone SE модел со сопствен 5G модем во 2025 година, според податоците на аналитичарот Џеф Пу. Според него, модемот ќе го произведува TSMC.
Информациите доаѓаат два месеци откако познатиот аналитичар, Минг-Чи Куо сподели податоци дека Apple го рестартирал развојот на четвртата генерација на iPhone SE со 6,1 инчен OLED екран и сопствен 5G модем. Според него, модемот ќе се произведува со процес од 4 нанометри и ќе поддржува фреквенции под 6 GHz.
Досега очекувањата беа дека производството на новиот модел ќе започне веќе во првата половина на тековната година, но очигледно има доцнење. Актуелниот iPhone SE беше најавен во март 2022 година.
Се чини дека следната генерација ќе биде добра можност за компанијата да го тестира сопствениот модем пред да го вгради во своите флегшип смартфони.