Компанијата Слога Пром денеска одбележува 33 години од своето постоење. Успешната семејна бизнис приказна на компанијата започна да се развива во 1990 година, во Кавадарци и денес брои 100 вработени.
Денес Слога Пром претставува модерна компанија на пазарот во Северна Македонија што работи за задоволување на потребите на современиот потрошувач, применувајќи ги најновите знаења и стандарди за пласман на квалитетна, здрава и безбедна замрзната храна, вклучувајќи ги HACCP и GS1 стандардите за декларирање и означување на производите.
Моменталната бројка на пакувани производи од брендот Слога и брендот Royal Veggies е 21. Под брендот „Слога“ се нуди риба, пилешко, свинско и говедско месо, додека под брендот Royal Veggies се нуди замрзнат зеленчук. Понудата од рефусни производи (пилешко, свинско, јунешко месо, риба, зеленчук, овошје, млечни производи и растителни масла) вклучува околу 160 производи.
Слога пром во 2017 година инвестираше во нов капитален објект – ладилник со јавен царински склад, составен од три дела и 4.700 м2 расположлива површина.
Преку општествено одговорната практика, Слога Пром континуирано овозможува подобри услови за вработените и за нивните семејствата како и за заедницата во целост, таков последен новитет е отворањето на тениско игралиште лоцирано во кругот на самата компанија и формирањето на Тениски клуб Слога.